ВИДЕО | Изненадување во Бундеслигата: Ајнтрахт го понижи Баерн!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Изненадување какво што ретко се гледа во германската Бундеслига видовме денес, Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен го декласираше Баерн Минхен со убедливи 5:1.

Вистинска реткост е Баерн да прими пет гола во Бундеслигата, но така беше попладнево. Резултатот беше отворен по 12 минути игра со голот на Мармоуш. Се играше 31. минута кога Дина Ебиеме зголеми на 2:0, а катастрофата за избраниците на Тухел веќе се најавуваше пет минути подоцна кога Ларсон зголеми на 3:0.

Баерн во финишот на првиот дел преку Кимих го постигна единствениотгол на средбата. Конечните 5:1 ги постави Ебиеме со својот втор гол во 50. минута и Кнауф десет минути подоцна.

На останатите натпревар Фрајбург на гости го совлада Волфсбург со 0:1, Вердер дома беше подобар од Аугусбург со 2:0, Унион Берлин славеше против Борусија Менхенгладбахј со 3:1, а Хајденхајм на домашен терен се радуваше против Дармштад со 3:2.

Во терминот од 18:30 часот својот натпревар од ова коло го играат Борусија Дортмунд и Лајпциг.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот