Норт Вест - Фото: Принтскрин/ Тикток

ВИДЕО | Изгледот на 12-годишната ќерка на Ким Кардашијан предизвика бурни реакции: „Жал ми е за детето“

Дванаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт го покажа својот нов изглед со вештачки тетоважи на лицето, сини контактни леќи и лажен пирсинг на носот, сето тоа за неодамнешниот концерт на Осамасон на кој присуствуваше со пријателите.

На видеата споделени на нејзиниот Тикток профил, Норт го надополни својот панк изглед со драматични вештачки трепки, тетоважи на рацете и светкаво син маникир што одговараше на нејзините вештачки плетенки. Таа исто така носеше сет украси за заби познати како „grillz“.

@kimandnorth everybody knowssss #northforever ♬ everybody knows – 😏

Многумина веруваат дека овој изглед е несоодветен за 12-годишно дете и дека девојчето изгледа „вознемирувачки“. Коментарите на Тикток беа исклучени, но следеа бројни коментари на други социјални мрежи како што се Икс и Фејсбук.

„Зошто на ова девојче му е дозволено да го прави ова?“, „Невозможно е Ким да не знаела дека видеата ќе бидат објавени. Срамно“, „Зошто не го заштити сопственото дете?“, „Има 12 години? Изгледа како самохрана мајка на три деца“, „На ова дете му требаат љубов и внимание“, „Што да очекувам од такви родители“, „Ми е жал за ова девојче“, „Каде се границите?“, беа само дел од коментарите.

@kimandnorthfake piercings and fake tatts 4 life

♬ original sound – ken_carson_daily

Ким Кардашијан се чини дека целосно ги одобрува модните избори на нејзината ќерка. „Јас ѝ велам: „Душо, ако сакаш руса коса, направи го тоа“, рече Ким во поткастот „Call Her Daddy“. „Тоа ја прави толку среќна. Никогаш не би ѝ ја одзела таа креативност.“

Ким додаде дека Норт е доволно самоуверена за да не биде повредена од критиките за нејзиниот стил. „Таа ќе каже: „Мамо, го видов ова и навистина не ми е гајле ако некој каже дека не му се допаѓа мојата руса коса или ова или она“, објасни Ким. „Таа е навистина самоуверена и вели: „Веројатно не би се дружела со тие луѓе.““

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот