ВИДЕО: Италија зафатена од голема суша, најдолгата река По речиси пресуши

Суша во Италија, пресушува реката По / Фото: EPA-EFE/Pierpaolo Ferreri

Високите температури предизвикаа суша низ Италија, реките и акумулациите остануваат без вода, загрозувајќи ја животната средина и економијата, пренесуваат италијанските медиуми.

Неколку италијански региони веќе прогласија вонредна состојба за да обезбедат пари за борба против кризата со вода, а здруженијата на земјоделци предвидуваат остар пад на производството во клучните делови од земјата.

„Комбинацијата од најтешката суша во изминатите неколку години и температурите… кои достигнаа 40 степени Целзиусови кон крајот на јуни ја водат Италија во драматична еколошка и економска ситуација”, објави агенцијата АНБИ.

По, најдолгата река во Италија, која минува низ големи региони на север и обезбедува услови за околу една третина од земјоделското производство во Италија, го забележа најниското ниво на вода во последните 70 години.

„Нивото на водата долж целото течение на По се уште е најниско откако податоците се следени. За две недели количината на вода се преполови и падна на нешто повеќе од 170 кубни метри во секунда”, посочуваат од АНБИ.

Во големите езера на северот на Италија водата веќе падна под рекордното ниско ниво или е блиску до него, а силно паѓа и во природните акумулации во централна Италија. Нивото на водата во Тибар е на најниско ниво во последните неколку години, а во Аниен протокот е на половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот