ВИДЕО | Историски успех за Јужен Судан, се пласираа на Олимписките игри во Париз

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан постигна историски успех откако успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри следното лето.

Селекцијата која беше во група со Србија, Порторико и Кина не се пласираше помеѓу најдобрите 16, но потоа во борбата за пласман од 17. до 32 место забележа два триумфи.

Во првото коло од разигрувањето Јужен Судан славеше против домаќинот Филипини со 87:68, а потоа беа подобри и од Ангола со 101:78. Така Судан како најдобро пласирана селекција од Африка си обезбеди место на Олимписките игри во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот