Фото: EPA/GIUSEPPE LAMI

ВИДЕО | Исаксен за радост на Лацио, Милан ги губи шампионските надежи

Денеска во 29 коло од најсилното италијанско првенство фудбалерите на Лацио на домашен терен со 1:0 успеаја да го совладаат Милан.

Стрелец на единствениот гол на стадионот „Олимпико“ во Рим беше Данецот Густав Исаксен по асистенцијата на црногорскиот интернационалец Адам Марушиќ во 26 минута од натпреварот.

Ова е чекор назад за „росонерите“ во трката за титулата и овој нивни пораз е секако добра вест за водечкиот Интер кој има 68 бодови, сега осум повеќе од Милан.

Лацио кој запиша 10 победа, втора по ред, се наоѓа на деветтото место со 40 бодови.

Во следното коло, Лацио на 22 март ќе гостува кај Болоња, додека Милан еден ден порано ќе го пречека Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот