ВИДЕО: Инзаги му одржа лекција на Мурињо, Интер се прошета низ Рим

Финансиската полиција бара докази во врска со истрагата за одредени трансфери и за наводната проневера на пари/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Во дербито на 16 коло во Серија А, Интер како гостин со 3:0 ја совлада Рома.

Првото враќање на Симоне Инзаги во Рим не беше добро, загуби од својот поранешен тим Лацио (3:1), но вечерва помина многу подобро и оствари убедлив триумф над Рома која ја предводи Жозе Мурињо.

Дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме, кога „неразурите“ ги постигнаа сите три гола. Одлична партија прикажа Хакан Чалханоглу кој во 15 минута го отвори резултатот и тоа со гол директно од корнер.  Девет минути подоцна му асистираше на Един Џеко за 0:2, а конечниот резултат го постави Дензел Дамфрис по центаршутот на Бастони.

Со победата, Интер се искачи на второто место на табелата со 37 бода, само еден помалку од лидерот Милан, и еден повеќе од Наполи кого вечерва го очекува тежок натпревар против Аталанта.
Рома е петта со 25 бода, шест помалку од Аталанта која е на позицијата што носи во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот