ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Тозија: Доколку не се створи некаков нов култ кон филмот, кино салите ќе останат празни!

Вардан Тозија, режисер/Фото: Слободен печат

„Доколку не се створи некаков нов култ кон филмот и не се реобмисли тоа што треба да значи, како да се најде некоја средна вредност помеѓу таа комерцијала и art house и уметност, да се допре до пошироката публика, меѓутоа и да се пренесе до тие слоеви на забава, мисла, став , идеологија, се дотогаш ќе замира се. Кино салите ќе бидат празни, а публиката ќе биде дома пред тв-приемниците“, вели режисерот Тозија во утринската програма на „Слободен печат“.

На глобално ниво пропаѓаат кината баш поради тоа, една идиотизација на модерните филмски текови, а таа е разграничување на модерна и art house, вели Тозија а тоа многу сакаат да го зборуваат некакви паметни глави, но прашува што носи тоа?

„Бруталната комерцијализација на филмот веќе не може да допре до различна публика , затоа што таа е заситена и публиката станува се поинетелегентна во гледање на филм А таа art house, која е едно егзотерична слика на некакви социјални општествени проблеми без да се даде некој свој наратив на некаква магична прашина што го прави филмот неинтересен, туку едно суво,сурово прикажување на стварноста и тоа не е нешто што ја привлекува публиката да оди во киносалите. Туку тоа го добиваат на порталите, на ТВ, дури и на документариците. Поради тој цел дисбаланс во филмот, станува досаден филмот, кино салите стануваат празни, ТВ покажува огромна храброст во креирање. За жал големите платформи го движат тоа и го водат, но изразот на тие платформи низ ТВ сериите и филмовите кои ги прикажуваат е посилен поимпактен, поинтересен“, додава Тозија.

Инаку Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“ кој според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент.

Целото интервју со режисерот Вардан Тозија погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот