ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Петличковски: Само 13 отсто од тестираните се ковид позитивни, вакцината не штити одредено време

Александар Петличковски/Фото: Слободен печат

Интересот за ковид 19 во последниве месеци се намалува, а тестот е единствен начин да се утврди дали лицето боледува од ковид или од грип- вели Александар Петличковски во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ. На прашањето до кога не штити вакцина против ковид 19, докторот вели дека вакцината не штити одредено време, неколку месеци, но овде улогата на имунитетот е голема. Во моментов има само 6 хоспитализирани лица од  ковид, од кои само двајца се со кислородна поддршка.

-Во последните месеци интересот за ковид се намалува. Состојбата е таква бидејќи реално пациентите ретко завршуваат во болница со тешки симптоми. Тестирањата се достапни, околу 500 теста се прават на неделно ниво и од нив пред два месеци над 45 отсто беа позитивни. Сега од сите тестирани позитивни се до 13 отсто. Секој десетти од тестирањата за ковид 19 е позитивен- вели Петличковски.

Тој објаснува дека нема свежи податоци за нов сој на ковид19, последниот кој е секвенциониран е од август.

-Нема разлика меѓу симптомите на грип и ковид. Само со тестирање се прави раздвојување. Се прават паралелно два теста и тоа е сигурен начин за утврдување од што боледува пациентот- вели докторот.

Околу вакцинацијата за сезонски грип вели дека сите ризични групи се опфатени.

-Годинава вакцините стигнаа на време пред почеток на сезона на грип. Има 60.000 вакцини. Задоволни сме од прифаќањето на вакцината. Ќе имаме добро покриено население, заштитено од грип, посебно на ризичните групи- вели Петличковски.

Целото интервју со претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот