ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | „Набуко“ на едно место собра српски, италијански и македонски изведувачи

Благоја Нацевски - тенор / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

„Слободен печат“ на проба на една од најпознатите опери на Џузепе Верди- „Набуко“. Нашата камера улови сегменти од последните подготовки за оперската претстава што ќе се изведе утревечер, на сцената на Националната опера и балет.

„Набуко“ ансаблот на НОБ ќе го одигра под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Женската главна улога, Абигаиле, ќе ја игра гостинката од Србија, сопранот Сања Керкез.

– Секогаш со радост ја прифаќам поканата од НОБ, јас сум на оваа сцена од 1994 година, се чувствувам како дома. Улогата на Абигеле ја играм од 2014 година, но првпат во Македонија, вели Керкез.

Насловната машка улога ќе ја толкува Марјан Јованоски. Прво претставување во „Набуко“ ќе има реномираниот македонски тенор Благој Нацоски во улога на Исмаиле.

– Не често ми се случува да дебитирам улоги токму во мојата матична куќа. За првпат ќе ја исполнам улогата на Исмаиле токму на нашата сцена. Чувството пред претставата?- па веќе сум над 21 година на сцената, тремата е исчезната – рече Нацоски.

Фенона ќе ја игра Ирена Кавкалевска. Певицата има 25-годишно искуство за оваа улога .

– Оваа улога ја пеам веќе 25 години, ова е трета режија во која то учествувам- вели Кавкалевска.

Тенорот Дејан Стоев ќе го игра за првпат воскојводецот на Набуко, Абдало.

– Чест ми е и привилегија, бидејќи оваа улога за првапат ја пеам на сцената.

Хористот, Огнен Здрвковски пред нашата камера потврди дека хорот е подготвен за претставата.

Целото интервју на нашата колешка Александра Вуксановиќ погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот