ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: Одмрзнатиот косовски конфликт повторно ќе се замрзне со нов западен хибриден изговор
По влегувањето на Париз и Берлин во целиот процес на средување на одностие меѓу Белград и Приштина моите претпоставки се дека ова прашање за жал нема да видиме брзо негово решавање. Многу по веројатно е дека сега Европа секако во консултација со САД ќе предложат некое ново хибридно решение кое само привремено ќе ги смири страстите и проблемите кај нашите северни соседи. Кога говорам за привремено решение мислам дека Европа не е спремна целосно да ја признае независноста на Косово, бидејќи дел од земјите членки на Унијата се уште го немаат напревено тој чекор. Затоа сметам дека овој конфликт ќе потрае и истиот нема да резултира со некаква воена интервенција од ниедна од страните во него – вели универзитетскиот професор Медоти Хаџи-Јанев во гостувањето на емисијата „Утрински печат“.
Препорачано
Познавачот на безбедносните случувања Хаџи-Јанев објаснува дека неговите претпоставки се темелат на фактот дека можноста на „вето“ на членките на ЕУ при донесувањето на одлуките за овој проблем, го прави решението за Косово недостижно за меѓународната заедница на краток период и ја прави ЕУ слаб геостратешки играч на глобалната карта.
– Решавањето на ваквите проблеми бара поголема прагматичност. Точно е дека има аргументи зошто правото на вето во ЕУ треба да остане. Но во исто време сите тие прашања немаат одговор на глобалните геополитички односи кои се целосно променети во светот, сега особено по случувањата во Украина. Сега има актери и играчи кои можат да се спротистават на вредностите на либерално демократскиот свет. Со тоа останува не јасно како ќе се надмине тој внатрешен конфлик во ЕУ, како ќе се надмине преседаните на ветата кои ја избалканизираа ЕУ и реши ова прашње -посочува професорот Хаџи-Јанев.
Универзитетскиот професор во гостувањето на „Утринки печат“ зборуваше и за политизација на највисокиот безбедносен сектор во земјава. Говореше и за тоа дали земјава може да бара помош од НАТО за лажните дојави на бомби и др.


