ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Марин Гавриловски: Доволно е да се погледне низ прозор за да се добие инспирација за колумна

ФОТО: Утрински печат

Доволно е да се излезе надвор или да се погледне низ прозор за да се добие инспирација за пишување на колумни, вели Марин Гавриловски, кого читателите на Слободен печат го избраа за најчитан и најомилен колумнист.

– Пред три и пол години ја добив таа потреба да се изразам на тој начин и тогаш ја направив соработката со Слободен печат, бидејќи имав потреба да пишувам за проблемите кои гледам дека не се решаваат на начин како што треба или воопшто не се решаваат. Не е тешко да се напише, туку е тешко до тој што треба, напишаното да стигне и потоа тоа да го примени – вели Гавриловски.

Во студиото на Утрински печат тој откри дека е изненаден од резултатот на анкетата.

– Изненаден сум мора да признаам од резултатот на анкетата, мислам дека периодот од три и пол години не е доволен за да се стигне до таму, од друга страна во периодов во кој се случуваат многу негативни работи, ме израдува резултатот – додава адвокатот Гавриловски.

Во продолжение погледнете го целото интервју со колумнистот на Слободен печат:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот