ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Марија Вук: Мајките на деца болни од карцином треба да добијат социјална пензија

Марија Вук - претседател и основач на Сано / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Здружението САНО на чело со претседателката Марија Вук поднесуваат иницијатива до надлежните органи за измени на Законот за мајки. Со истот, мајките на децата болни од карцином треба да добијат социјална пензија за цело време додека трае лекувањето на децата кои се лекуваат од оваа подмолна болест. Вук е мајка на дете борец успешно излекувано од карцином, сега веќе деветнаесет годишен матурант кој се подготвува за студии во странство. Тео во моментов работи како волонтер во САНО и им помага на децата кои се борат со оваа подмолна болест.

Тој заедно со неговите пријатели кои боледувале од рак пред три години ја добија наградата „13 Ноември“ за хуманитарна работа. Статистиката вели дека на годишно ниво на Македонија се разболуваат околу 30 деца од канцер.

– Станува збор за иницијатива со која сакаме да промениме неколку закони кои ја тангираат областа во однос на нивната благосостојба. Оваа промена ја иницираме од многу причини. Секое дете кое има канцер се лекува од шест месеци до две години. Овде има дискриминација и скоро секогаш мајката е во болница со детето.Често пати таа нема друг избор освен во тој период да остане во болница. Мајките губат работа и често поради тоа стануваат финансиски зависни. Но дел од нив дури завршуваат како жртви на семејно насилство. Таа најмалку две години останува без приход- вели Вук.

Таа објаснува дека после овој период тие мајки не можат да се вклучат пак на пазарот на труд, ранливи се и губат дел од вештините кои ги поседуваат. Ова значи дека тие неможат финансиски да придонесуваат за своето семејство.

Токму ова беше причина за иницијативата од наша страна овие мајки да добијат социјална пензија на ниво на една просечна македонска плата- објаснува Вук.

САНО годинава за прв пат организира летен камп за деца кои се во ремисија односно се излекувани од канцер. Засега се пријавени 25 деца кои бесплатно ќе одат на одмор и ќе се дружат со нивните другарчиња.

Невладината организација постои веќе пет години, а исто толку постои и родителската куќа наменета за сите родители чии деца се лекуваат од канцер, а не се од Скопје.

Во родителската куќа има вкупно четири апартмани. Куќата е дел од некогашниот дом „Медицинар“ во кругот на Клинички центар. Секој апартман има купатило, а кујната е заедничка. Куќата е втор дом за родителите чии деца се лекуваат од рак, а не се од Скопје. Пред да профункционира оваа куќа тие спиеле во автомобили, па дури и во подрумите во околните куќи, а некои од нив плаќале високи суми за да се преспијат во хотел- вели Вук.

Според неа Родителската куќа донесе големо олеснување за семејствата, кои добиваат огромна поддршка од оние кои чекореле по ист пат како нивниот.

За да престојуваат во куќата родителите треба да земат потврда од  Клиниката за детски болести, од оддлениетето каде се лекуваат, со таа потврда може да дојдат и да ја приложат во родителската куќа. Секако претходно медицинскиот кадар нѐ информира и прашува дали имаме слобободен капацитет да ги пречекаме родителите- вели Вук.

Целиот престој во родителската куќа е бесплатен, се трудат да обезбедат и сапун, шампон, храна и чиста постелнина. До сега во неа престојувале околу 80 родители чии деца се лекувале на хематолошкото одделение.

Стручните служби се од голема помош и за децата и за родителите, но знаете како, децата меѓусебе полесно се разбираат. Волонтерите го поминале тоа што овие деца сега го поминуваат, тие се особено сензитивни, знаат како да им пристапат и кои зборови им годеле кога тие лежеле во болничкиот кревет. Ние не можеме да ги излекуваме децата, но можеме да ги насмееме и поддржиме, со мислите да ги извадиме од болничката соба.

Целиот престој во родителската куќа е бесплатен, дури се трудат да обезбедат и сапун, шампон, храна и чиста постелнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот