ВИДЕО: Интер пред освојување на титулата во Серија А

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен има желба и натаму да игра фудбал/Фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Фудбалерите на Интер не дозволија изненадување и на гостувањето кај Кротоне славеа со 0:2 и се најдоа на чекор од освојување на титулата.
„Нераѕурите“ сега имаат 14 бодови повеќе од Аталанта и може уште утре да бидат крунисани за нови шампиони во Серија А, доколку тимот од Бергамо не го совлада Сасуоло.
На водечкиот гол за Интер се чекаше повеќе од еден час, кога Лукаку му асистираше на Кристијан Ериксоен кој пак со прецизен удар го совлада голманот Кордаз.  Победата ја завери Ашраф Хакими во втората минута од судиското продолжение.
Поразот од Интер значи дека Кротоне во следната сезона ќе игра во Серија Б бидејќи се последни на табелата со само 18 бодови, дури 13 помалку од местото носи опстанок на четири кола до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот