ВИДЕО | Интер Мајами водеше 3-0 и загуби, не помогна ниту мајсторијата на Меси
Интер Мајами доживеа неверојатен пораз на домашен терен од Орландо Сити со 3-4, иако имаше убедливо водство од 3-0. Ниту мајсторијата на Лионел Меси не беше доволна да се избегне шокантниот пресврт.
Препорачано
Домаќините тргнаа фуриозно и поведоа уште во 4. минута преку Фрај. Во 25. минута Шеговија, по асистенција од Меси, зголеми на 2-0, а само девет минути подоцна аргентинската ѕвезда погоди за убедливи 3-0. Во тие моменти изгледаше дека прашањето за победникот е решено.
GOLAZO! That’s what the 10 does 🎯 pic.twitter.com/CXjZI71Txi
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 3, 2026
Сепак, Орландо не се предаде. Во финишот на првото полувреме Охеда намали на 3-1, навестувајќи дека следува поинакво продолжение. Во вториот дел истиот фудбалер постигна уште два гола, во 68. и 78. минута, комплетирајќи хет-трик и носејќи израмнување на 3-3.
Кога се очекуваше поделба на бодовите, во судиското продолжение Списер ја комплетираше драмата со погодок за конечни 4-3 и голема победа за гостите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


