ВИДЕО | Инцидент во Ла Лига: Момче стави прст во задникот на фудбалер на Севиља

Фото: Screenshot

Срамен инцидент се случи на вчерашниот натпревар во Ла Лига помеѓу Рајо Ваљекано и Севиља.

Се играше 33-тата минута кога Лукас Окампос стоеше покрај аут линијата каде што се подготвуваше да ја уфрли топката игра. Во еден момент едно од момчињата кои седеа во првиот ред од некоја причина го стави својот прст во задникот на Окампос.

Фудбалерот за ваков срамен потег реагираше присебно и мирно, се сврте го погледна и продолжи со играта.

„Сите видовте што се случи. Се надевам дека ќе има реакција од Примера и на овој случај ќе гледа сериозно како расизам. Мислам дека не се сите навивачи на Рајо вакви, тие секогаш не пречекуваат со почит, но како и секаде има исклучоци и будали. Се надевам дека нема да се повтори. Да се случеше ваков испад во женскиот фудбал, сите знаеме што ќе се случеше. Се воздржав бидејќи имам две ќерки“, изјави Окампос.

Случајот бил пријавен и кај делегатот на натпреварот, па се очекува да биде отворена постапка против Рајо. На крајот Севиља победи во овој меч со 2:1 и дојде до важни три бода.

ВИДЕО: Рајо Ваљекано во нова криза, Ен Несири со два гола во мрежата на Димитриевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот