ВИДЕО: Рајо Ваљекано во нова криза, Ен Несири со два гола во мрежата на Димитриевски

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Екипата на Рајо Ваљекано повторно ги разочарува своите навивачи, влегува во нова резултатска криза, веќе четири натпревари по ред не знае за победа и дури се приближи кон екипите кои се борат за опстанок.

На домашен терен со 2:1 Рајо загуби од Севиља која исто така не може да се пофали со добри резултати во „Ла Лига“ оваа сезона, по подолг период вкуси нов триумф.

Сите голови беа реализирани во текот на првото полувреме, Ен Несири донесе водство за гостите во 19 минута.

Израмни Палазон во 29 минута, а непосредно пред паузата Ен Несири по втор пат ја затресе мрежата на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

На табелата Рајо Ваљекано е на 13 позиција со 24 бодови, додека Севиља е на 15 место со 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот