Еурофарм Пелистер чекор поблиску до одбрана на шампиоската титула

фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер запишаа нова победа оваа сезона во македонската Суперлига и направија уште еден важен чекор кон одбрана на титулата.

Играчите на тренерот Бранислав Ангеловски славеа убедливо со конечен резултат 35:25 против екипата на Тиквеш.

Во победничките редови се истакна Радивојевиќ со седум голови, а кај поразениот Мијатовиќ имаше пет погодоци.

Денеска се одигра уште еден меч, составот на Бутел Скопје триумфираше над Струга со 34:20 најмногу благодарение на Николов кој имаше 11 голови, додека на спротивната страна Бошњак постигна осум.

На табелата Еурофарм Пелистер е првопласиран со 35 бодови, пет повеќе од Вардар кој има меч помалку. Тиквеш е на петтото место со 19 бодови, а на последната осма позиција е Струга без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот