„Војна“ во македонската кошарка: Пелистер му одговори на Работнички

Фото: КК Пелистер

Во македонската кошаркарска јавноста денеска е актуелна „војната“ помеѓу КК Пелистер и КК Работнички.

Откако беа соопштение казните за натпреварот одигран во петокот со соопштение се огласи Работнички, а сега стигна одговорот од Битола.

Соопштението на Пелистер ви го пренесуваме во целост:

„КК Пелистер се чувствува повикан да одговори на неочекуваните прозивки од КК Работнички, кој очигледно во немоќ и резултатска негатива пред за нив клучниот меч оваа сезона сеобидува вината да ја лоцира на погрешно место. А фактите го говорат сосема спротивното…

Пелистер бил и ќе биде беспрекорен домаќин без оглед на конечниот на натпреварите, нешто што можат да го посведочат екипите кои годинава славеле во Битола и притоа немало ниту еден инцидент (еднаш тоа беше и Работнички).  Без разлика на резултатот, немаме намера да снимаме видеа по ходници за потоа да ги дистрибуираме ако затреба, во зависност од тоа дали конечниот исход ќе ни биде во полза.

Цела сезона сме отворени за спортски дух и пријателство, отворени да покажеме како треба да функционира клуб со искрени намери за натпревар на терен и на ниту едно друго место.

Работнички максимално го почитуваме како најтрофеен македонски кошаркарски колектив, но и „центарци“ треба да се однесуваат како таков. Затоа што од денешното нивно соопштение увидовме дека добро ги знаат пропозициите. Но ете, заборавија согласно пропозициите да пријават доаѓање на нивни навивачи на Купот на Македонија, и тогаш се обидоа да ја префрлат одговорноста врз нас, но не им успеа. Сега заборавија според пропозициите да побараат тренинг во Битола, но без збор им обезбедивме термин и максимални услови за работа. Повторно заборавија да го пријават доаѓањето на своите навивачи од Скопје, но им излеговме во пресрет и ги примивме нивните приврзаници во сала, иако немавме обврска поради непристигнатото барање. Заборавија и дека по првиот меч еден нивни навивач влета со стаклено шише во собата на судиите и гласно им се закануваше, но не заборавија да го снимат видеото од пет секунди во Битола, опишуваќи го како скандалозно.

Се заборава тоа што не им одговара, но тука завршуваме со противникот и се насочуваме само кон себе. КК Пелистер оваа сезона се покажа како беспрекорен организатор на бројни натпревари, меѓу другото и на завршниот турнир од Купот на Македонија, каде загубивме меч во неизвесна завршница и спортски му честитавме на победникот.

Навистина, на последниот меч имаше краток инцидент за кој жалиме и ја прифаќаме одговорноста, но тоа не може да го оцрни сето она што кошаркарска Битола го прави и го живее со КК Пелистер во последните години, а особено оваа последна натпреварувачка сезона.

Провокациите од страна на утрешниот противник не се ништо друго освен нивни обид за алиби во случај на неуспех. За нас битолчани пак, се само мотив плус за на четвртиот меч од полуфиналето да ја наполниме салата до последно место и на крајот заедно да се радуваме на уште едно големо финале на КК Пелистер“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот