Ѓоковиќ се врати во Белград на дополнителни лекарски прегледи на главата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по прераното завршување на неговиот настап на Мастерсот во Рим се врати во Белград каде му беа извршени дополнителни лекарски прегледи на главата по инцидентот во италијанската престолнина.

Србинот беше елиминиран од Алехандро Табило во третото коло на турнирот од серијата 1.000, а два дена пред дуелот со Чилеанецот Ноле доживеа голема непријатност, која, како што призна, влијаеше на неговите перформанси.

Новак зборуваше за моментот кога го удриле со алуминиумско шише во главата, но и за последиците, заклучувајќи: „Јас сум сосема друг играч“.

Ѓоковиќ во средата бил во Ургентниот центар во Белград, не се задржал долго, а што е најважно – здравјето му е во најдобар ред и може непречено да ги продолжи подготовките за „Ролан Гарос“.

Според информациите Ѓоковиќ се чувствува добро, сите негови наоди се добри. Направи комплетна крвна слика и сè е во границите на нормалното. Направил и ЕКГ и скенирање на главата, за да се увери дека не е сериозно повреден, ги доби резултатите кои покажуваат дека сè е во ред.

Најдобриот светски играч од понеделник се очекува да учествува на Грен слем турнирот во Париз каде ја брани титулата, како и првото место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот