Фото: Screenshot

ВИДЕO | Инцидент по натпреварот меѓу Шкендија и Јагелонија: Полските ултраси фрлаа камења и шишиња кон навивачите на Шкендија

По синоќешниот натпревар меѓу Шкендија и Јагелонија (1-1) во рамките на Конференциската лига, на арената „Тодор Проески“ се случи инцидент под западната трибина, каде што дојде до судир меѓу навивачите на двата клуба.

Според информациите, полициските сили морале веднаш да интервенираат за да спречат поголема ескалација на насилството. Додека дел од домашните навивачи ја напуштале трибината, фановите на полскиот тим, познати по својата жестокост, почнале да фрлаат кон нив тврди предмети (шишиња, камења, па дури и противпожарни црева).

Брзата реакција на полицијата спречила потежок инцидент, беше формиран заштитен кордон, а навивачите на Јагелонија беа вратени назад на стадионот за да се избегне директен судир со навивачите на тетовскиот клуб.

Горчливо реми: Јагјелонија ја шокира Шкендија во последните секунди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот