Горчливо реми: Јагјелонија ја шокира Шкендија во последните секунди

Шкендија остана без голем триумф во Европа, откако полската Јагјелонија постигна гол длабоко во судиското продолжение и го постави конечниот резултат 1-1 на дуелот во Скопје. Иако црвено-црните беа на чекор до победа, последната акција во 100. минута им ја уништи радоста.

Првиот дел на Арената „Тодор Проески“ помина без поголеми возбудувања, со по една шанса на двете страни. Шкендија остана без Зејнулаи, кој по судир мораше да го напушти теренот.

Во второто полувреме, по корнер на Вебстер, Лиридон Љатифи највисоко скокна и со глава погоди за водство на македонскиот шампион. Гостите од Полска реагираа со неколку измени и презедоа контрола, но одбраната на Шкендија долго одолеваше.

Во финишот, Бесарт Ибраими имаше одлична шанса да го удвои водството, но голманот Пјекутовски одбрани. И кога изгледаше дека мечот завршува, Лозано со силен удар од далечина погоди за 1-1, иако Јагјелонија играше со играч помалку по црвениот картон на Имаз.

Шкендија во продолжение ја очекуваат гостувања кај Дрита и АЕК Ларнака, а дома ќе го пречека Слован Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот