ВИДЕО | Илон Маск лансираше 22 сателити во орбитата, ракетата слета во Атлантикот

Фото: JOE MARINO / UPI / Profimedia

Компанијата „Спејсикс“, во сопственост на милијардерот Илон Маск, лансирала 22 сателити „Старлинк“ во орбитата ноќта помеѓу недела и понеделник, објави „Спејс.ком“.

Ракетата „Фалкон 9“ со вселенското летало „Старлинк“ полета од вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида во 20 часот и 50 минути по локално време, а во 1 часот и 50 минути по наше време.

Дел од ракетата „Фалкон 9“ се вратила на Земјата 8,5 минути по полетувањето, како што било планирано и слетала на беспилотен брод во Атлантскиот Океан.

Ова е шесто лансирање и слетување на оваа ракета, објави „Спејсикс“.

Горниот дел од ракетата „Фалкон 9“ продолжил да ги носи сателитите во орбитата, каде што пристигнале според распоредот, околу 65 минути по лансирањето.

Само овој месец, „Спејсикс“ лансираше пет групи на Старлинк интернет сателити во орбитата. Тие лансирале повеќе од 4.850 вселенски летала, изјавил астрофизичарот Џонатан Мекдауел. И бројот на овие авиони ќе продолжи да расте. „Спејсикс“ има дозвола да испрати уште 12.000 сателити во орбитата, а аплицирале за уште 30.000 дозволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот