Фото: Скрипншот / Јутјуб / Асошиејтед прес

ВИДЕО | Протести ја тресат Тирана: демонстранти ја нападнаа полицијата со молотови коктели

Илјадници луѓе во неделата маршираа низ улиците на албанската престолнина во знак на протест против владата на премиерот Еди Рама, објави „Анадолија“.

Демонстрантите се собраа пред кабинетот на премиерот во Тирана, по повик на главната опозициска Демократска партија (ПД), и побараа Рама и неговата левичарска влада да поднесат оставка поради обвинувања за корупција.

Тие фрлаа молотови коктели, а полицијата интервенираше со солзавец и со водени топови.

Молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, некои министерски згради и кон полициски возила.

Многу патишта во Тирана беа затворени за сообраќај, а беа распоредени стотици полицајци.

Во последните месеци во Албанија се одржуваат антивладини протести, при што опозициските партии, меѓу кои и Демократската партија на поранешниот премиер Сали Бериша, ја обвинуваат владата на Еди Рама за корупција, злоупотреба на институциите и за задушување на политичката опозиција, додека власта ги отфрла таквите наводи и протестите ги претставува како обид за дестабилизација на земјата.

„Ако си маж, не излегувај од канцеларија“ – Бериша му даде совет на Рама пред утрешниот протест на опозицијата во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот