ВИДЕО | Илијевски: Одговорноста паѓа на оние кои што повикаа на бојкот на пописот

Претседателот на партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски реагираше на податоците од пописот и начинот на кој се попишуваше македонската дијаспора, како и за организацијата на Агенцијата за иселеништво чија задача е да се грижи за дијаспората. Одговорноста за резултатите од пописот паѓа на оние кои повикаа на бојкот на пописот, вели тој.

-Агенцијата за иселеништо треба да ја води Македонец од владејачката партија. Не може нас да не организира партија на Еѓипќани. Секоја чест на таа партија, но не може коалициониот колач да им го давате кај Агенцијата за иселеништво, или во МНР национални приоритети да водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ и да не ми даваат простор за состанок, бидејќи не сум дел од нивната партија, изјави за Утрински брифинг Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија.

-Сите ми се жалат дека кадарот на ВМРО-ДПМНЕ остана во МНР. Немаме комуникација со Одделот за национални приоритети. Полесно комуницирам со министерот и со Државниот секретар откоклу со одделот за Национални приоритети.

-Јавно ги повикувам – Распуштете го одделот, нас не ни треба, вели Илијевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот