ВИДЕО | Ибрахимовиќ: Гвардиола ме предупреди да не доаѓам со „Ферари“, знаете што направив?

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ на почетокот на јуни објави дека се пензионира. Блескавата кариера на 41-годишниот Швеѓанец со босанско потекло траеше повеќе од две децении.

Ибрахимовиќ зборуваше за својата одлична кариера, но и за животот надвор од теренот, во нецензурирано интервју со англискиот новинар Пирс Морган, како што е најавено.

Целосното интервју ќе биде објавено во наредните денови, а одредени делови се веќе откриени. Морган го праша Златан дали мисли дека постигнувањето голови е подобро од сексот.

– Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во кревет – кратко изјави Златан Ибрахимовиќ.

За време на интервјуто, Златан изговори контроверзна реченица за Бог.

– Мислите дека се шегувам кога велам дека сум Бог? Не, воопшто не се шегувам – рекол Ибрахимовиќ.

Откриени се и некои детали за врската со Пеп Гвардиола во Барселона. Немаше почит кон славниот тренер.

– Гвардиола? На првиот состанок ми кажа дека играчите не доаѓаат тука со Ферари. Отидов и купив Ферари – изјави Златан Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот