ВИДЕО I Поминаa точно 25 години од ремек-делото на Роналдо: Неверојатниот слалом и гол кој вечно ќе се памети

Бразилецот постигна еден од најубавите голови на сите времиња/ фото: EPA-EFE/ Toni Albir

Пред точно 25 години беше постигнат гол кој одбележа една ера, гол кој не беше премногу важен од натпреварувачки аспект, но ќе се памети засекогаш.

На 12 октомври 1996 година, Луис Назарио да Лима Роналдо го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, гол на силата, на спринтот и на знаењето во 47 метри.

Голот ќе остане и запомнет и по реакцијата на тренерот на Барселона, Боби Робсон кој во неверица се фати за главата, не можеше да поверува што се случи, исто како и навивачите на стадионот во Компостела.

На натреварот против Компостела, Роналдо за 10 секунди, направи слалом од 48 метри, додека педантните статистичари пресметаа дека за тоа му беа потребни 34 чекори и 16 допири со топката.

– Ја добив топката на средината од теренот. Приметив како веднаш до мене дојдоа неколку играчи, но јас продолжив да трчам. Видов како целата одбрана отиде напред и влегов во просторот помеѓу двајца играчи. Кога излегов од дриблингот, видов дека можам да шутирам и тоа беше тоа – го опиша голот Роналдо по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот