ВИДЕО | „Хомо“ на Изи ќе има светска премиера во Гоа, на најпрестижниот фестивал во Азија

Она што е важно за нас е дека одиме на фестивал што се одржува во традиционална форма. Кога го снимавме филмот се беше нормално, имавме сосема други планови, но фестивалите во Европа почнаа да се рушат како домино. Нашата стратегија беше да почекаме, да видиме што ќе се случува, барајќи ја среќата на оние места каде што филмот ќе може да се судри со публиката, нешто што му е примарна функција. Се отвори можност – Филмскиот фестивал во Гоа, фестивал од А категорија, кој е и најстар фестивал во Азија, изјави во Утрински брифинг режисерот Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските работници.

Оваа година е поместен поради актуелните состојби и ќе се случува од 16 до 24 јануари. „Хомо“ ќе има своја премиера во главната програма, наречена „World panorama section“, каде е селектиран, меѓу 1000 пријавени филмови од целиот свет, вели Изи, режисер и косценарист на „Хомо“.

Филмот е снимен по сценарио на Иванов-Изи и Сашо Кокаланов, а продуцент е Томи Салковски од „Скопје филм студио“. Македонската премиера на филмот беше на 24 септември на затворањето на Фестивалот на европски филм Синедејс. Во „Хомо“ играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ , Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова во улогата на Јулија, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот