ВИДЕО | Холивудски актер се соблече гол пред камерите на „Венити фер“: Танцувам гол… па сите го прават тоа

Фото: Принтскрин/ ТикТок/ vanityfair

Промотивната кампања за магазинот „Венити фер“ (Vanity Fair) е дизајнирана како краток видео клип во кој се појавуваат најголемите филмски ѕвезди, но и оние кои ќе се борат за златната статуа во претстојната оскаровска сезона.

„Венити фер“ реши својата „видео насловна“ да ја направи модна писта со актери како Бредли Купер, Натали Портман, Педро Паскал, Кломан Доминго, Џоди Комер, Грета Ли, Лили Гладстон, Чарлс Мелтон, Двејн Џој Рендолф, Џена Ортега и на самиот крај актерската ѕвезда Бери Киоген.

@vanityfair Presenting the 30th annual #VFHollywood ♬ original sound – Vanity Fair

Во видеото што го објави „Венити фер“ на официјалната страница на Инстаграм, сите филмски и телевизиски ѕвезди поминуваат низ рамката во свечени тоалети и одела, освен еден актер.

На самиот крај на клипот, Бери Киоген реплицираше сцена од филмот во режија на Емералд Фенел „Солтбрн “ во која тој е целосно гол. За оние кои не го гледале, ова е мал „спојлер“ бидејќи анти-херојот на приказната во последната сцена од филмот оди целосно гол на хит песната „Murder on the Dancefloor“ на британската пејачка Софи Алис Бекстор.

Додека зборуваше за „Венити фер“, Киоган рече дека навистина не се потпирал на сопствените животни искуства додека го снимаше „Saltburn“, освен во еден момент.

„Танцувам гол… во мојата куќа“, се насмеа Киоган. „Сите тоа го прават, човеку. Сите ние пееме под туш. Сите се однесуваме глупо кога сме сами и ја чувствуваме оваа слобода“.

Киоген за „Vanity Fair“ немаше проблем да се соблече пред камерите и да го покаже задникот.

Инаку тој зад себе има неколку високо ценети и наградувани филмови како „The Banshees of Inisherin“, „The Green Knight“, „The Killing of a Sacred Deer“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот