Хејли Бибер - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Хејли Бибер призна дека таа и Џастин се обидуваат да го балансираат бракот и кариерата: „Одиме ден по ден“

Хејли Бибер призна дека сè уште се обидува да го балансира бракот и мајчинството. Имено, во ново интервју за „Џи-кју“, Хејли откри дека таа и Џастин се обидуваат да ги усогласат обврските околу родителството и нивниот однос со напорните кариери.

„Само одиме ден по ден. И двајцата сме доста заштитнички настроени кон нашиот син и не мислам дека тоа некогаш ќе се промени, но нашиот живот е наш живот и навистина е јавен“, изјави таа.

Таа истакнува дека ѝ е драго поради балансот што успеале да го постигнат и поради фактот дека не споделува многу работи јавно.

Говорејќи за мајчинството, Хејли нагласува дека не постои ништо што некој друг може да ви каже за таа улога, што може да ве подготви, сè додека самите не го искусите тоа. Хејли призна дека не ѝ е срам да каже дека има помош при одгледувањето на нивниот син Џек.

„Имам помош со полно работно време и не ми е срам да го кажам тоа. Никогаш не би се воздржувала да зборувам за тоа, затоа што не би можела да ја имам мојата кариера и да ги правам работите што ги правам без таа помош. Навистина сум благодарна за тоа. Нашиот син, ако не е со мене, тогаш е со Џастин“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот