Секретарот за одбрана на САД, Пит Хегсет / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

ВИДЕО | Хегсет: Уништивме четири брода со дрога во Пацификот и убивме 14 терористи

Американските сили извршија три напади и уништија четири брода што превезуваа наркотици во Тихиот Океан, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, објави Гардијан.

„По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, Министерството за одбрана изврши три смртоносни кинетички напади врз четири брода управувани од назначени терористички организации што тргуваат со наркотици во Источниот Пацифик. Четирите брода беа познати на нашата разузнавачка заедница, движеа по познати рути за трговија со наркотици и превезуваа наркотици“, објави Хегсет на социјалните медиуми.

Тој рече дека 14 наркотерористи биле убиени во трите напади, а еден преживеал.

 Сите напади се случија во меѓународни води и ниту еден припадник на американската војска не е повреден“, рече Хегсет.

„Министерството помина повеќе од две децении бранејќи ги другите татковини. Сега ги браниме своите. Овие наркотерористи убија повеќе Американци отколку Ал Каеда и ќе бидат третирани исто. Ќе ги следиме, ќе ги поврземе во мрежа, а потоа ќе ги ловиме и ќе ги убиеме“, заклучи американскиот секретар за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот