Селтик/Celtic fc

ВИДЕО | Хартс не се откажува, бара службена победа во дербито за титулата

Селтик со победа од 3:1 против Хартс во последното коло ја обезбеди шампионската титула во шкотската Премиер лига, но драмата околу трофејот сè уште не е завршена.

Од клубот од Единбург не се помируваат со поразот и најавуваат можност за жалба, убедени дека до титулата можат да стигнат и по административен пат.

Според тврдењата на Хартс, во самиот финиш од натпреварот се случил спорен момент кој би можел да ја доведе во прашање регуларноста на средбата. По третиот погодок на Селтик, навивачите масовно втрчаа на теренот славејќи ја титулата, а гостинскиот тим тврди дека главниот судија Робертсон никогаш официјално не означил крај на натпреварот.

Во Хартс сметаат дека тоа претставува сериозно прекршување на правилата и се повикуваат на можноста натпреварот да биде регистриран со службен резултат доколку има нерегуларен прекин или неофицијален крај.

Доколку нивната жалба биде прифатена, постои сценарио натпреварот да биде регистриран со службени 3:0 во корист на Хартс, што би значело целосен пресврт во шампионската трка. Во тој случај, тимот од Единбург би ја освоил титулата, со оглед дека во последното коло им беше доволен и еден бод за првото место.

Титулата останува во Глазгов, Селтик со пресврт го урна Хартс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот