Титулата останува во Глазгов, Селтик со пресврт го урна Хартс
Фудбалерите на Селтик ја одбранија титулата шампион во шкотската Премиер лига откако во директна битка за тронот на домашен терен го совладаа Хартс со 3:1 во натпревар од последното 38 коло.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хартс дојде во водство во 43 минута преку Шенкленд, но радоста на гостите траеше кратко, бидејќи непосредно пред паузата (45+4`) израмни Ингелс од пенал.
Единствена опција за домашниот состав беше само победа на овој меч, и тоа успеа да го оствари со погодоци во самиот финиш, најпрвин во 87 минута за предност се погрижи Маеда, а конечниот епилог го постав Османд (90+8`).
Селтик ја освои својата петта последователна титула, вкупно 14-та во последните 15 сезони, или 56-та во својата историјата. На Хартс му беше потребен нерешен резултат во овој натпревар за да ја освои својата прва титула во Шкотска од 1960 година.
Селтик ја заврши сезоната на првото место со 82 бода, два повеќе од Хартс. Третопласираниот Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски собра 72 бода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
21мин
-
36мин
-
40мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


