ВИДЕО: Хаос во Франција, гневни демонстранти упаднаа во седиштето на „Луј Витон“

Фото: Твитер / принтскрин

Гневни демонтранти против предложената пензиска реформа во Франција денеска упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд „Луј Витон“ во Париз, во очекување на пресудата за контроверзните реформи кои ги „турка“ власта на Емануел Макрон.

Демонстрантите, предводени од моќните синдикати, бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите.

Стотици луѓе, мавтајќи со знамиња и факели, упаднаа во просториите на „Луј Витон“ на париската авенија „Монтењ“ на 12-тиот ден од протестите.

„Барате пари да ги финансирате пензиите? Земете ги од џебовите на милијардерите“, рече активистот на синдикатот Суд Раила, Фабиен Виледје.

По околу еден час, Демонстрантите мирно си заминаа.

Десетици илјади луѓе и денеска излегоа на улиците на француската престолнина, а некои се судрија со полицијата. Протести се одржуваат во градовите ширум земјата – вклучувајќи го и Рен, каде што сликите покажуваат запален „Мерцедес“ – во последната манифестација на гнев поради предложените промени во пензиите.

Синдикатите повикаа на демонстрации на улиците на Франција, еден ден пред клучната одлука на Уставниот суд за законитоста на законот за пензиски реформи, кој предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Доколку Уставниот суд го одобри законот што владата го донесе со декрет за да го избегне парламентот, бидејќи има сигурно мнозинство, тој ќе може да стапи на сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот