ВИДЕО: Хаос на трибините во Денвер, братот на Никола Јокиќ удри навивач

фото: принтскрин/youtube.com/@DunkLeagueYT

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА плеј-офот, додека на трибините беше забележан хаос.

Постариот брат на Никола Јокиќ, Страхиња беше главен режисер на скандалот на трибините.

На видеото кое кружи на интернет, јасно се гледа дека Страхиња Јокиќ жестоко се расправа со некого на трибините, па се движи кон тој човек, а потоа го удира директно во лицето.

Кошаркарите на Денвер го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 101:99, за водство од 2:0 во првото коло од плеј-офот.

Повторно доминираше Никола Јокиќ запишувајќи нов „трипл-дабл“ учинок во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот