ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Кабул, Американците почнаа да пукаат, Авганистанците очајно бегаат од Талибанците

Авганистанците бегаат од Талибанците на аеродромот во Кабул/Фото: Screenshot Twitter: @sudhirchaudhary

Американските сили на аеродромот во Кабул биле принудени да пукаат во воздух кога голем број на луѓе излегла на пистата, за да ги спречат да влезат во војните авиони, пренесува Ројтерс.

Како што пренесува Ројтерс, воените летови од Кабул биле наменети само за дипломатите и лицата од локалната амбасада.

На аеродромот во Кабул се уште владее хаос, хеликоптерите ги пренесуваат вработените во амбасадите, а аеродромот е преполн со луѓе кои очајнички сакаат да се вклучат во летовите како би побегнале од Талибанците, кои синоќа влегоа во Кабул.

САД, заедно со повеќе од 65 земји ги повикаа Талибанците да им дозволат на Авганистанците кои сакаат да ја напуштат земјата да го сторат тоа, предупредувајќи на нивната одговорност за какви било злоупотреби.

„САД се приклучуваат кон меѓународната заедница во инсистирањето дека Авганистанците и странците кои сакаат да ја напуштат земјата мора да добијат дозвола и можност да го сторат тоа”, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Твитер додека Стејт департментот објави соопштение од своите блиски сојузници.

„Оние кои се на власт во Авганистан имаат одговорност да го заштитат човечкиот живот”, се вели во заедничкото соопштение.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот