Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Хаитските безбедносни сили ја дигнаа во воздух куќата на водачот на бандите Џими „Барбекју“

Хаитските безбедносни сили во средата изведоа операција во главниот град Порт-о-Пренс, при што беа бомбардирани три куќи за кои се верува дека се во сопственост на водачот на бандите Џими „Барбекју“ Шеризиер. На социјалните мрежи се појавија непотврдени снимки на кои се гледа силна експлозија и голем облак чад, а според информациите, најмалку една зграда е целосно уништена, додека околните објекти се оштетени, пренесува Си-ен-ен.

Засега нема официјални податоци дали има загинати, повредени или уапсени лица. Локалниот медиум „Газет Хаити“ објави дека полицијата по нападот влегла во објектите и пронашла одредена опрема.

Хаитската национална полиција соопшти дека операцијата била насочена кон домот на Шеризиер во областа Делмас 6, која со години важи за упориште на вооружени групи под негово водство. Во акцијата учествувале армијата, антибандитските сили поддржани од ОН, Работната група на премиерот и приватна воена компанија.

Операцијата доаѓа во чувствителен политички момент, неколку недели пред истекот на мандатот на привремената влада, додека планот за политичката транзиција на Хаити сè уште не е објавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот