Шведската репрезентативка Натали Хагман реализираше дури 19 погодоци против Порторико/Фото: EPA-EFE/HENNING BAGGER

ВИДЕО: Хагман постигна 19 голови, но Македонка го има рекордот на Светските првенства!

Денеска продолжија натпреварите од Светското ракометно првенство во женска сениорска конкуренција кое се одржува во Шпанија.

Се комплетираше второто коло во групната фаза, Шведска во рамките од групата „Д“ стигна и до втората победа, убедлива над Порторико со 48:10.

На овој меч Натали Хагман за шведската селекција постигна дури 19 голови, но не го надмина рекордот на реализирани погодоци на еден меч на Мундијалите кој е во сопственост на поранешна македонска репрезентативка.

Станува збор за Наталија Малахова, сега Тодоровска, која е рекордерка со 21 погодок на Светското првенство во 2005 година против Камерун.

Светско првенство 2021 (жени)

Резултати –

Шведска – Порторико 48:10
Полска – Русија (РХФ) 23:26
Романија – Казахстан 38:17
Словенија – Франција 18:29
Узбекистан – Холандија 17:58
Иран – Норвешка 9:41
Црна Гора – Ангола 30:20
Србија – Камерун 43:18

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот