ВИДЕО | Грковска: Сензибилитетот на граѓаните кон корупцијата е зголемен и треба да ја пријавуваат

Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење
Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење / фото: Утрински брифинг

Позицијата на вицепремиер задолжен за политики за добро влијание е нова позиција која е сосема различна од позицијата на претходниот вицепремиер Љупчо Николовски. Позицијата за добро владеење треба да обезбеди транспарентност меѓу институциите која ќе ги поврзе и ќе им олесни на граѓаните да не бидат препраќани од една до друга институција, ја објаснува својата позиција министерката Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење.

-Ние како држава настојуваме да создадеме поефикасен систем и поефикасна администрација, вели Грковска.

Во врска со нашите напори за евроинтеграција, Грковска вели дека соработката со бугарската страна е интензивна и позитивна. И ние можеме да научиме многу но и тие моат да научат од нас за доброто владеење. И тие имаат министерка за добро владеење со програма која е финансирана од Европската унија.

-Мене ме интересираа нивните добри и лоши искуства од оваа програма за добро владеење за да не ги повторуваме истите грешки, вели Грковска и додава дека тие можат од нас да учат од нашето искуство со ДКСК оти пак тие имаат лошо искуство на овој план.

Грковска се надева дека до половината од годинава мооже да се најде начин да се одблокира процесот на нашите евроинтеграции, особено во светло на ова што се случува во Украина што ја подигна свесноста.

-Посетата на Жосеп Борел не донесе ништо бомбастично ниту пак се очекуваше нешто бомбастично. Целта им е да се закотви Западниот Балкан во Европа иако ни ЕУ нема поим како. Борел јасно кажа дека овој процес на долга кандидатура за нас е скап и дека треба да бараме повеќе средства од Унијата. Ние треба да имаме добра анализа за нашите трошоци поврзани со нашата поддршка на сакциите против Русија, особено што Македонија искажа и посебна солидарност, вели Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики.

Таа додава дека Борел јасно кажа дека не смее да се внесуваат билатералните прашања во евроинтеграциите, но од друга страна очекува дека бргу ќе се реши спорот со Бугарија.

Грковска, пак, вели дека ние како држава тешко прифаќаме дека сите реформи што ги правиме пред сѐ се за нас. Таа е убедена дека може да добиеме повеќе помош од ЕУ, а изјавата на Борел е јасен сигнал.

Вицепремиерката вели дека пораката од локалните избори СДСМ сериозно ја има сфатено и дека тоа резултираше со промени во начинот на функционирање на вториот и третиот ешалон од власта.

-Оваа влада уште од самиот почеток мораше брзо да интервенира за пресретнување на низа криза како проблемот со парното, продолжувањето на зимскиот распуст за справување со ковид кризата, пензиите, минималните плати итн. а тоа паралелно се одвива со евроинтеграциските процеси, вели Грковска.

Во смисла на корупцијата, која се одвива во рамките на застарени законски прописи, Грковска вели дека имаат редовна соработка со ДКСК, но нереално е за олку кусо време да се санира сѐ што се таложело со години.

-Секој во својот ресор треба да направи анализа и да се отстранат застарени акти кои овозможуваат коруптивни активности и тела и органи кои имаат нејасни функции повторно потенцијално подлони на корипција, вели Грковска.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот