ВИДЕО: Гризман го навреди Алексис Санчез, па се извини

фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Францускиот фудбалер Антоан Гризман му се извини на Чилеанецот Алексис Санчез откако го навреди за време на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Интер.

„Јорганџиите“ го елиминираа италијанскиот тим по изведувањето пенали што го подигна адреналинот на Гризман на максимум.

Французинот беше заменет и пеналот од 11 метри ги гледаше отстрана, но емоциите се разгореа уште со првиот настап на Чилеанецот Алексис Санчез.

Штом голманот Јан Облак го одбрани неговиот удар од белата точка, Гризман стана еуфоричен и почна да му кажува нешто на својот соиграч Родриго Де Пол.

Овој момент беше уловен од камерите, а подоцна на неговите усни беше прочитано што рече: „Овој е кукавица, Чилеанецот е кукавица“.

Според „Марка“, ден по натпреварот, напаѓачот на Атлетико Мадрид го повикал Алексис Санчез да се извини, што било прифатено.

ВИДЕО | Атлетико Мадрид на пенали го елиминираше Интер за осминафинале во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот