Фото: Phoenix Suns

ВИДЕО: Грин испишуваше историја, Феникс убедлив против ЛА Клиперс

Феникс Санс ја запиша победата од 115-102 над Лос Анџелес Клиперс во единствениот натпревар одигран ноќеска во НБА лигата, а вечерта ја одбележа дебито на Џејлен Грин.
По пауза поради повреда, 23-годишниот бек конечно заигра за новиот тим и имаше деби од соништата. За само 23 минути на терен, Грин постигна 29 поени и реализираше дури шест тројки, поставувајќи нов рекорд за најмногу погодени тројки на дебито во дресот на Феникс.

Со овој учинок, тој стана и најдобриот дебитант на Санс по легендарниот Чарлс Баркли, кој во 1992 година своето прво појавување го заврши со 37 поени.
Клучниот момент на мечот се случи во третата четвртина, кога Феникс доминираше со 40-23 и ја создаде разликата што Клиперс не успеа да ја анулира до крајот.

Девин Букер додаде 23 поени за победничкиот состав, додека кај Клиперс најистакнат беше Ивица Зубац со дабл-дабл ефект – 23 поени и 11 скокови.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот