(ВИДЕО) Гранатиран пункт за евакуација на цивили во близина на Киев, има загинати, меѓу кои и деца

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Преминот за евакуација на цивили кои се обидуваат да побегнат од областа Ирпин западно од Киев утрово беше гранатиран, јави Си-Ен-Ен.

Според информациите на украинските власти, загинале најмалку три лица, меѓу кои и две деца.

На видео снимките кои се шират на социјалните мрежи може да се види моментот на гранатирањето во Ирпин, кој се наоѓа северозападно од Киев.

Меѓународните медиуми снимале на локацијата кога паднала артилериска граната. Во истиот момент низ контролниот пункт проаѓале цивили.

ВО ЖИВО | Украина, од минута во минута: Втор обид за евакуација на цивили од Мариупол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот