Галеб/Screenshot

ВИДЕО: Голман погоди галеб среде натпревар – фудбалер му го спасуваше животот

Една необична сцена пристигнува од Истанбул во натпревар од аматерските лиги, каде што фудбалски дуел накратко се претвори во вистинска драма за спасување живот на галеб кој случајно се најде во опасност.

Во 22. минута од средбата меѓу Мевланакaпи гузелхисар и Истанбул јурдум, голманот Мухамет Ујаник, сакајќи да ја исфрли топката од својот шеснаесетник, го погоди галебот кој во тој момент прелетуваше во близина.

Ујаник подоцна раскажа дека во првиот миг воопшто не сфатил што се случило. Дури кога се доближил до местото на падот, видел дека погодил живо суштество. „Бев во шок“, признал тој, видно потресен од несекојдневниот инцидент.

Додека дел од фудбалерите стоеле збунети, капитенот Гани Чатан реагирал брзо и прв притрчал до галебот и со масажа на срцето се обидувал да го врати во живот. На крајот, по околу две минути, обидот бил успешен, а галебот бил предаден на медицинска екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот