ВИДЕО: Големи свлечишта во Индонезија носеа се пред себе, над 11 загинати и 50 исчезнати

Најмалку 11 лица загинаа, а 50 се водат за исчезнати во регионот Натуна, во Индонезија, откако свлечишта предизвикани од обилните врнежи затрупаа куќи и други објекти, соопшти денеска државната агенција за ублажување на катастрофи.

Официјален претставник на агенцијата во провинцијата, Џунаина, изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми, а телекомуникациите во областа се прекинати, пренесуваат британските медиуми.

„Времето е променливо, но ветерот се уште силно дува. Плимните бранови се уште се високи“, рече Џунаина.

Британските медиуми објавија дека преживеани се евакуираат и од регионот Сирасан, а во тој регион е испратена спасувачка екипа.

Според британските медиуми, областа зафатена од свлечиштата се наоѓа на оддалечен остров, на пет часа возење со брод од градот Натуна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот