ВИДЕО | Голем скандал во НБА: Натпреварот на Лејкерс и Мемфис беше продолжен за 56 секунди

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис (123:120) изминатата вечер го обележа голем скандал.

Имено, натпреварот траеше 56 секунди повеќе отколку што требаше. Проблемот настана пред крајот на третата четвртина кога истече еден од нападите на Мемфис. На семафорот стоеше 1:14 минути до крајот, но тогаш времето од некоја причина се врати на 2:20.

Скандалот беше забележан по завршувањето на натпреварот кога од НБА и ја признаа грешката. Ова е еден од најчудните пропусти во НБА во последните години. Резултатски за Мемфис овој натпревар немаше значење, меѓутоа беше многу важен за Лејкерс кој до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се борат за подобра позиција пред плеј-инот во овој момент се осми на Западот со победа повеќе од Голден Стејт и Сакраменто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот