ВИДЕО | Го допре дното: Деле Али го доживеа најголемото понижување во кариерата

Фото: Screenshot

Веќе неколку години Деле Али е далеку од нивото на кое фудбалската јавност очекуваше да биде, меѓутоа изгледа дека се го допре дното.

Многумина ќе кажат дека поранешниот фудбалер на Тотенхем повеќе не е на нивото на кое треба да биде еден професионален фудбалер. Во овој момент настапува за Бешикташ каде што добива шанса и само разочарува.

Последното разочарување го имаше во вчерашниот натпревар против Шанлиуфаспор. Бешикташ иако беше фаворит после само 15 минути губеше со 2:0. Тогаш тренерот Шенол Гунеш се реши во 29. минута да го замени Деле Али, а англискиот фудбалер доби свирежи од трибините.

Не се работеше за никаква повреда, едноставно Гунеш го сметаше за главен виновник за лошата игра на неговиот тим. И не погреши, Бешикташ до крајот заигра многу подобро и со пресврт славеше победа од 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот