Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Ѓубреџии тргнаа да исчистат ѓубре во Аеродром, но се пишманеа

„Слободен печат“ дојде до снимка на која се гледа како работници на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ со службено возило почнуваат да празнат еден контејнер од неколку на улицата „Вангел Тодоровски“ во Аеродром, но се премислуваат поради некоја причина и заминуваат, а целото ѓубре останува покрај контејнерите.

Насочена камера фаќа еден од хигиеничарите како му вели на колегата да заминат — со ѓубрето оставено покрај контејнерите.

Овој случај само ја потврдува загрижувачката состојба која ги погодува многу делови од главниот град. Скопје се соочува со сериозен проблем со преполни контејнери кои полека, но сигурно, стануваат мини депонии низ населбите.

Инаку, кај комплексот „Џевахир скај сити“ веќе неколку недели станарите се соочуваат со истиот проблем, а тоа е огромна дива депонија која расте од ден за ден.

Расте депонијата пред комплексот „Џевахир“, никој не го чисти ѓубрето

Проблемите во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ не се ограничуваат само на неиспразнетите контејнери — вработените веќе со месеци се жалат и на доцнење на платите и недостиг од техничка опрема, поради што синдикатот Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) ја алармира јавноста и најавува можни правни чекори против раководството.

Од друга страна, пак, ЈП „Комунална хигиена“ соопшти дека платите се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување и дека претпријатието е посветено на навремена исплата на плати.

„Комунална хигиена“ и Данела Арсовска под лупа на инспекторите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот