Гитаристот на бендот „Ноу даут“, Том Димон - Фото: EPA/SYDNEY KRANTZ

ВИДЕО | Гитаристот на „Ноу Даут“ дијагностициран со Паркинсонова болест: „Секој ден е борба““

Гитаристот на бендот „Ноу даут“, Том Димон, открил дека му е дијагностицирана Паркинсонова болест во ран стадиум, но вели дека и понатаму може да свири и ќе настапи на претстојната концертна резиденција во Лас Вегас, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Веста ја споделил во видео објавено на 11 април, во кое навел дека првите симптоми ги почувствувал пред неколку години, а дијагнозата ја добил по серија медицински прегледи и тестови. „Секој ден е борба“, изјавил тој, додавајќи дека добрата вест е што сè уште може да свири гитара.

Во пресрет на големото враќање на сцената, Димон вели дека подготовките за концертната резиденција го мотивираат – ги прегледува старите снимки, го обновува репертоарот и работи на визуелниот дел од настапите во „Сфера“.

Серијата концерти ќе се одржи од 6 мај до 13 јуни и ќе биде првиот подолг настап на бендот по 14 години.

Тој истакнал дека одлуката да ја сподели дијагнозата јавно дошла поради сè почестите јавни објави за здравствени состојби, со цел да се намали стигмата и да се подигне свеста за болеста.

Паркинсоновата болест е прогресивно невролошко нарушување кое влијае на движењето, со симптоми како треперење, вкочанетост и забавени движења.

По неговата објава, поддршка му упатиле и членовите на бендот – тапанарот Адријан Јанг го нарекол пријател и херој, додека басистот Тони Канал изразил радост што повторно ќе настапуваат заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот