Горан Герасимовски / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

ВИДЕО | Герасимовски: Очекувам наредниот мандат да го водиме заедно со граѓаните

Очекувам денес да имаме мирен изборен ден и дека секој самостојно ќе може да го даде својот глас, рече кандидатот за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски.

„Очекувам да има голема излезеност, очекувам граѓаните повторно да ни ја дадат поддршката на мене и на мојот тим и на нашата програма. Исто така очекувам дека наредниот мандат ќе го водиме заедно и од утре ќе започнеме да ги спроведуваме сите оние проекти што ги промовиравме заедно со граѓаните изминатите месеци“, рече Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот