ВИДЕО | Генијален потег: Голманот на Барселона турна соиграч за да спаси гол
Актуелниот шпански шампион Барселона со победнички ритам ја отвори и новата година. Избраниците на Ханси Флик синоќа во каталонското дерби славеа на гостувањето кај Еспањол со 2-0 и ја запишаа деветтата последователна победа во Ла Лига.
Препорачано
Иако стрелци за Барса беа Дани Олмо и Роберт Левандовски, признанието играч на натпреварот со право му припадна на голманот Жоан Гарсија. Младиот чувар на мрежата, кој летово токму од Еспањол се пресели на „Камп Ноу“, доживеа непријателски пречек, а домашните навивачи во текот на целиот меч го навредуваа.
Но, тоа како само дополнително го мотивираше Гарсија, кој бранеше сè што одеше кон неговиот гол. Особено се издвои една интервенција во 20. минута, која привлече големо внимание. Фернандез се најде во добра шанса, но неговиот удар беше одбранет, по што топката се одби до друг фудбалер на Еспањол, кој беше во полн трк и во идеална позиција за гол.
Во тие моменти, голманот на Барселона се снајде маестрално. Свесен дека неговиот соиграч Жерар Мартин е предалеку за да го блокира ударот, Гарсија донесе необична, но брилијантна одлука, го турна Мартин кон топката, со што го скрати просторот за шут на противничкиот играч и спречи веројатно сигурен погодок.
Joan Garcia sacrificed Gerard Martin to make the save😭 pic.twitter.com/OAE1f1tIlp
— Berneese (@theberneese) January 3, 2026
Joan Garcia vs Espanyol pic.twitter.com/xpZOWAMJtI
— 🕊️ (@MagicalXavi) January 3, 2026
Преземено од: Спорт.ком.мк


