ВИДЕО: „Ѓаволско“ второ полувреме, Јунајтед повторно се враќаше од негатива!

Фото: EPA-EFE/Justin Setterfield

Во рамките од 11 коло во Премиер лигата составот на Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Вест Хем со конечен резултат 1:3.

Како да се навикнавме да го гледаме клубот од „Олд Трафорд“ во последните неколку меча најпрвин да биде во негатива, а потоа од очај комплетно да ги смени нештата на терените во своја корист. Претходно така беше против Евертон (1:3), потоа со Саутемптон (2:3), а сега и против „чеканите“.

Чешкиот интернационалец Соучек во 38 минута после изведен корнер успеа да ја затресе мрежата на Хендерсон за водство на домаќините. „Црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт во второто полувреме, а истиот го најави Погба во 65 минута со една фантастичен погодок.

Само 180 секунди подоцна Гринвуд се запиша во листата на стрелците, а конечниот епилог го постави Решфорд од контранапад после асистенцијата на Мата (78`).

Играчите на менаџерот Солскјер сега имаат 19 бодови на четвртото место после четвртата победа по ред и сега малку посериозни во намерата да се најдат во шампионската трка, додека Вест Хем е на седмата позиција со 17 бодови.

Претходно во првите два меча од саботната програма во најсилното англиско првенство ремизираа Барнли и Евертон (1:1), а Манчестер сити беше подобар од Фулам (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот